Дома Фудбал Година од соништата за Реал Мадрид – Арнолд плус шпанско трио од 150 милиони евра!

Година од соништата за Реал Мадрид – Арнолд плус шпанско трио од 150 милиони евра!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид би можел да го одбележи и 2025 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одамна е познато дека Трент Александер-Арнолд е првата и најголема желба на Флорентино Перез, но не е единствената.

Паралелно додека чека на одлуката на Трент за одбивање на нов договор со Ливерпул, Флорентино Перез сака да донесе тројца домашни играчи и на тој начин реализира можеби најсилниот трансфер период.

Имено, на мета на Реал се две цели на Барселона – Нико Вилијамс и Мартин Зубименди, како и Мигел Гутиерез од Жирона.

Вилијамс и Зубименди имаат достапни клаузули во Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, по 60 милиони евра, што не претставува никаков проблем за Перез. Дополнителна мотивација за „кралевите“ е и фактот дека истата двојка одамна е на мета на Барселона, но Каталонците не можеа да ги купат поради финансиски проблеми.

Мигел Гутиерез е дете на Реал, експлодираше во Жирона и Реал има право да го врати во своите редови. Гутиерез е проценет на 25-30 милиони евра, но „кралевите“ би можеле да го вратат за многу помалку пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит приказна: Навивач исчезнал десет дена, па го нашле како се забавува во Барселона – не знаел дека Интерпол го бара!

Англискиот навивач Мајкл Хјуит (65) беше пронајден жив и здрав по десетдневна потрага за в…