Дома Фудбал Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер е тука!

Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер е тука!

Јулијан Нагелсман денес го објави составот на фудбалската репрезентација на Германија за учество на Светското првенство во Америка, Канада и Мексико.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Повици упати до следниве играчи:

Голмани: Мануел Нојер (Баерн), Оливер Бауман (Хофенхајм), Александер Нубел (Штутгарт).

Одбранбени играчи: Џошуа Кимих (Баерн), Натанил Браун (Франкфурт), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Дортмунд), Џонатан Тах (Баерн), Давид Раем (Лајпциг), Валдемар Антон (Дортмунд), Малик Тиао (Њукасл).

Средниот ред: Александар Павловиќ (Баерн), Леон Горецка (Баерн), Надием Амири (Мајнц), Џамал Мусиала (Баерн), Флоријан Виртц (Ливерпул), Ленарт Карл (Баерн), Анџело Штилер (Штутгарт), Феликс Нмеча (Дортмунд), Паскал Грос (Брајтон).

Напаѓачи: Дениз Ундав (Штутгарт), Каи Хаверц (Арсенал), Џејми Левелинг (Штутгарт), Ник Волтемаде (Њукасл), Максимилијан Баер (Дортмунд), Лерој Сане (Галатасарај).

Ова претставува последното првенство за легендарниот Мануел Ноер, кој повторно е на листата, додека неговиот млад колега од Баерн, Јонас Урбиг, не доби повик.

На списокот недостасуваат напаѓачот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, и Карим Адејеми од Дортмунд. Исто така, меѓу дефанзивците не е вклучен и Тило Керер, како и повредениот голман Тер Штеген.

Светското првенство ќе започне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, а Германија ќе се натпреварува во група заедно со Курасао, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ има четири услови за останување во Милан – еве што сака од клубот!

„Скај Спорт Италија“ објави дека иднината на Модриќ зависи од четири фактори. Првиот факто…