Дома Фудбал Газета: Гвардиола размислува за Италија!

Газета: Гвардиола размислува за Италија!

“Зошто да не?” Така Пеп Гвардиола (55) одговори на прашањето за можен идни ангажман во Италија. Тоа се случи во Тренто, во октомври 2018 година, на Фестивалот на спортот организиран од Газета, а на сцената до него седеа легендарните тренери Карло Анчелоти (66) и Арриго Саки (80).

Гвардиола, кој веќе во тоа време го водеше Манчестер Сити, оставајќи ги вратите отворени, се потсети како никогаш не мислел дека би можел да заврши во Баерн и да учи германски, пишува La Gazzetta dello Sport за италијанската репрезентација, која е во потрага по нов селектор по заминувањето на Џенаро Гатузо (48) и по три неуспешни обиди за пласман на Светското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во текот на осум години, неговото мислење за Италија не се променило: италијанскиот фудбал остана во мислите и срцето на каталонскиот тренер, објавува Газета во текстот со наслов: “Гвардиола, сценарио со Азурите. Пеп ја сака Италија, а репрезентацијата е предизвик кој го привлекува.”

Иако нема гаранции, постои чувство дека е вредно да се проба. Новиот претседател на Италијанскиот фудбалски сојуз, кој ќе биде избран на 22 јуни, треба да го има поканувањето на Гвардиола како приоритет на својата агенда за да провери дали тој е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата.

Кандидатите за избори во сојузот ќе бидат објавени на 13 мај. Гвардиола може да биде во финалето на ФА купот на 16 мај, а Премиер лигата завршува на 24 мај. После тоа, секој ден е можност да се започнат преговори. “Нема сомнение дека Гвардиола ќе ја сослуша понудата со интерес, а нам ни останува да се надеваме дека неговата одлука ќе внесе нова надеж во италијанскиот фудбал”, пишува Газета.

Гвардиола има уште една година од договорот со Манчестер Сити, со многу висока плата, и во овие недели размислува за освојување на седмата Премиер лига во десет години, што би било неверојатно достигнување. Дополнително, тука е и ФА купот, чие полуфинале во сабота го игра против Саутемптон. Ако ги освои двата трофеи, тоа би биле неговите 41-ви и 42-ри трофеј во извонредната 18-годишна кариера.

Повеќе од него освоил само Алекс Фергусон (84), кој на тренерската клупа мина 39 години и дојде до 49 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Американците до Иран: Вие можете на Мундијал, не можат терористите од вашата гарда!

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, изјави дека иранскиот ф…