
Истражувањето на италијанското обвинителство за обложување на фудбалери донесе некои интересни откритија во врска со случајот на поранешниот играч на Јувентус, Николо Фаџоли.
Да потсетиме, Фаџоли, заедно со Сандро Тонали, во октомври 2023 година беше суспендиран на седум месеци забрана за играње поради обложување на фудбалски натпревари, што е строго забрането во Италија.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Името на Фаџоли повторно стана актуелно овие денови при новите сознанија поврзани со онлајн обложување на некои многу познати фудбалери од Серија А. Меѓу нив се Николо Заниоло, Вестон Меκкени, Анхел ди Марија, Матија Перин, Раул Беланова…
Сите споменати, како што досега е утврдено, не се обложувале на фудбалски натпревари, туку само на покерски игри, па ако е тоа навистина така, ги чека само мала парична казна.
Значи, никој од наведените (вкупно 13 фудбалери и една тенисерка) не ризикува долгомесечна суспензија како Тонали и Фаxиоли, чиишто случај, во светлото на најновите сознанија од истражувањето, е крајно интересен.
„Газета дело Спорт“ имала увид во документите од истрагата во која се гледа дека Фаxиоли во периодот од 2020 до 2021 година, а и подоцна, од 31 лице позајмил 578.000 евра.
Клучното прашање е дали останал без пари, па позајмувал за да продолжи да се обложува (наводно толку бил влезен во коцкањето) или само организирал обложување, па наместо споменатиот круг познаници и пријатели, кои не сакале директно да се обложуваат онлајн, тој го правел тоа со нивните пари.
Фото: Принтскрин