Манчестер Сити и следното лето ќе одвои огромни средства за засилувања. Пеп Гвардиола има големи планови за новата сезона и сака да го измие горчливиот вкус на оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатиот тренер има на мета две големи имиња како засилувања. Тоа се Флоријан Вирц и Родриго.
Се вели дека Флоријан Вирц е многу блиску до прифаќање на понудата од „Етихад“. Ќе го искористи тоа што Реал Мадрид не му е приоритет и речиси е сигурно дека ова момче ќе го облече дресот на „Граѓаните“.
Во Сити се подготвени да платат до 130 милиони евра за Вирц, но и како дел од договорот да го пратат Џејмс МкАти во Баер Леверкузен.
Преговорите сè уште траат, но се верува дека се е многу блиску до реализација и Германецот ќе го пренесе својот талент на терените во англиската Премиер лига.
Другата ѕвезда која Гвардиола ја посакува е фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго.
Шпанските медиуми пишуваат дека на маса е огромна сума и дека Сити не штеди за да го доведе човекот кој е сон на Гвардиола одамна.