
Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рамките на второто коло на развојниот турнир кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.
Противникот издвојува победа по подоброто изведување на пенали.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Натпреварот во регуларните 90 минути заврши нерешено без погодоци. Во пенал серијата, селекцијата на Словачка беше подобра со вкупни 4:2.
Кај нашата репрезентација, сигурни од белата точка беа Фадил Исламовиќ и и Ракипи Сонер.
Македонија: Амин Сулјовиќ, Анес Бајрами, Игор Вргов, Аријан Рамадани, Филип Цветковски, Лука Георгиевски, Лука Кнезевиќ, Марко Мирцевски, Горјан Петковски, Лука Ѓоршиев Јасмин, Сонер Ракипи;
Резерви: Ринор Цека, Даријан Денковски, Вулнет Амети, Коста Бошковски, Мелдин Аломеровиќ, Давор Јорданов, Фадил Исламовиќ, Андреј Цветковски, Васко Папалиски;