Дома Фудбал Фудбалер на Барселона ќе биде надвор од терените поради повреда од четири до пет месеци

Фудбалер на Барселона ќе биде надвор од терените поради повреда од четири до пет месеци

Фудбалерот на Барселона Гави поради повреда нема да игра од четири до пет месеци, соопшти вечерва шпанскиот клуб.

Како што е наведено на сајтот на Барселона, Гави е подложен на артроскопска интервенција за да се санира повредата на медијалниот менискус.

Гави последниот натпревар за Барселона го одигра пред еден месец против Леванте.

Освен Гави, за Барселона поради повреда моментално не играат и Ламин Јамал, Фермин Лопес, Марк-Андре тер Штеген и Алехандро Балде.

Барселона е на второто место на табелата на Ла Лига со 13 поени, а во четврток ќе гостува кај Овиедо.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Причината поради која Габриел го напушта Јунајтед ќе ги заболи сите навивачи: Тоа не се простува

Во последните десетина дена, една од главните фудбалски приказни е младиот 15-годишен фудб…