Дома Топ вести Фото: „Росонерите“ наместо да тренираат правеа скара!

Фото: „Росонерите“ наместо да тренираат правеа скара!

Денешниот тренинг на Милан помина многу возбудливо, па за крај на сезоната „росонерите“ се почестија со скара.

Имено во тренинг центарот „Миланело“, Монтела и играчите наместо утрински тренинг одлучија да се релаксираат со правење скара, а клубот преку својот официјален Твитер профил публикуваше неколку фотографии.

Во последното коло од Серија А Милан му гостува на Каљари, но тој натпревар нема никаква важност за „росонерите“ бидејќи во секој случај ќе завршат на 6-то место кое води во квалификациите за Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …