Дома Моторспорт Формула 1 во Сингапур ќе се вози до 2028 година

Формула 1 во Сингапур ќе се вози до 2028 година

Управата на Формула 1 денес го продолжи договорот со организаторите на трките во Сингапур на уште седум години, до 2028 година.

Сингапур беше домаќин на првата ноќна трка во 2008 година, а стазата Марина беј е популарна помеѓу навивачите на Формула 1. Последните две трки во Сингапур беа откажани поради коронавирусот.

За оваа година трката е закажана на 2. октомври.

„Сингапур има посебно место во календарот на Формула 1, а продолжувањето на соработката е дел од нашата долгорочна посветеност да продолжиме да го развиваме овој спорт во Азија“, изјави претседателот на Формула 1 Стефано Доменикали.

Оваа сезона ќе се возат 23-трки, а шампионатот започнува на 20-март со трката за големата награда на Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…