Дома Моторспорт Формула 1 и следната сезона со истите гуми

Формула 1 и следната сезона со истите гуми

Болидите во Формула 1 следната сезона ќе ги користат истите гуми како овие. Оваа одлука беше донесена едногласно од сите тимови.

Откако новата спецификација на гуми, планирана за 2020 година, не ги задоволи барањата, екипите одлучија да не сменат ништо за новата сезона во Формула 1.

Тимовите ги тестираа новите гуми во Остин и Абу Даби, меѓутоа тие не ги донесоа очекуваните и посакуваните резултати. Поточно, прототипот на гуми од 2020. година доби многу критики.

“Откако беше тестирана и анализирана новата спецификација на гуми за 2020. година, се одржа гласање во согласност со член 12.6.1 од техничкиот правилник. Гласањето резултираше во едногласна одлука на тимовите да ја задржат спецификацијата на гумите од 2019 година за 2020 година.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…