
Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе започнаа со поделба на бодовите на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дерби натпреварот од првото коло на групата Ф на МетЛајф стадионот во Њу Џерси заврши со најнепопуларниот резултат – 0:0.
Фудбалерите на Флуминензе, шампиони на Јужна Америка од 2023, беа нешто поопасни, особено во второто полувреме кога во неколку ситуации се истакна голманот на Борусија, Грегор Кобел. Особено во 70. минута кога добра можност имаше Евералдо.
За тимот на Нико Ковач дебитираше помладиот брат на англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид Џуд Белингам, 19-годишниот Џоуб. Дојде од Сандерленд за околу 30 милиони евра. Влезе во игра во 59. минута наместо Паскал Грос.