Дома Фудбал Флик: Не очекува многу тежок натпревар

Флик: Не очекува многу тежок натпревар

Тренерот на Барселона Ханзи Флик покажа претпазливост пред реваншот утре против Борусија Дортмунд од 1/4-финалето на Лигата на шампионите, иако минатата недела каталонците забележаа домашна победа со убедлив резултат од 4:0.

“Иако имаме предност од четири гола, ќе се обидеме да играме на нашето највисоко ниво. Сметам дека во вакви натпревари треба да бидеме многу концентрирани и да играме како што знаеме. Имаме среќа што доаѓаме со аванс, затоа што утрешниот натпревар ќе биде многу тежок. Сакам мојот тим да ужива во тоа што ќе игра против еден од најголемите тимови во Европа. Имаме желба да одиграме добар натпревар и да го повториме нивото од победата со 4:0“.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


„Физичката состојба на некои фудбалери? Нема да се уморам да повторувам дека тие се фантастични и секогаш сакаат да играат. Сакам да им ја дадам можноста да бидат на финале. Толку многу натпревари сме одиграле, што не можам да издвојам ниеден од нив. Добри резултати секогаш ме прават задоволен, но ми е тешко да изберам само еден“.

Фото: ФК Барселона

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaмал ги изненади сите: Еве со каков имиџ се појави во „Ел Класико“! (Фото)

Најавуваа шпанските медиуми дека Ламин Јамал подготвува изненадување за финалето во Купот …