Дома Фудбал Флик најави разговор со фудбалерите: Тажен сум и фрустриран

Флик најави разговор со фудбалерите: Тажен сум и фрустриран

Тренерот на Барселона Ханси Флик не беше среќен поради резултатот од мечот против Атлетико Мадрид (4-4).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Барселона веќе по шест минути игра губеше со 2:0, каталонскиот тим влезе со два гола предност во последните 15 минути, но гостите од Мадрид успеаја да ја анулираат разликата.

Затоа и не е чудно што Флик чувствува проблеми во тимот кои ќе мора да ги поправи во наредниот период.

„Мораме да работиме на ова. Игравме одлично, но примивме четири гола и тоа е премногу. Нашиот пристап и менталитет беа на место по заостанувањето од два гола, но мораме да работиме на ситните детали. Тажен сум и фрустриран поради последните 10 минути затоа што некое време бевме на највисоко ниво“, рече Флик на конференцијата за медиуми по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ ги одбра најдобрите пет фудбалери во светот, тројца доаѓаат од една држава

Во емисија за FOX Sports, Ибрахимовиќ ги одбра петте играчи кои ги смета за најдобри во св…