Дома Фудбал Флик: Ламин е гениј, потребен ни е сега!

Флик: Ламин е гениј, потребен ни е сега!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во првиот натпревар меѓу Барселона и Интер видовме спектакл и резултат 3:3 на крајот. Од 21 часот во Милано се игра вториот натпревар, по кој ќе го дознаеме првиот финалист од оваа година во Лигата на шампионите.

„Ламин е гениј. Неверојатно е тоа што го прави со топката. Секое додавање обично е… Вистинска сила, вистинска должина. Неверојатно е сето тоа со 17 години. Во првиот натпревар нè врати во игра со своите акции и својот гол, беа полни око да се видат. Но, секогаш мора тоа да го покажува. Пред нас е вториот натпревар, многу важен, бидејќи сакаме да влеземе во финалето. Тоа е нашата цел и ни се потребни сите на највисоко ниво за да го победиме фантастичниот тим каков што е Интер“, изјави Флик.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква магија: Тинејџер даде гол со рабона! (Видео)

Алин Текереш, млада надеж на 19 години, игра како лев бек за романскиот второлигаш Сепси О…