Дома Фудбал Флик ја научи лекцијата од Саудиска Арабија, го криеше својот часовник (Видео)

Флик ја научи лекцијата од Саудиска Арабија, го криеше својот часовник (Видео)

Тренерот на Барселона Ханси Флик одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во шпанската Ла Лига против Хетафе на гости, а еден детал го привлече вниманието на сите присутни.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Флик за време на обраќањето кон медиумите, со насмевка на лицето, со ракавот од својата маица го покриваше екранот на својот паметен часовник на рачниот зглоб, што ги насмеа присутните.

Сите веднаш го поврзаа случајот, бидејќи Флик истовремено со смеење и интересни погледи ги следеше реакциите на новинарите, а јасно беше дека тоа го направи поради неодамнешната ситуација во Саудиска Арабија, каде Барса по големата победа од 5:2 над Реал освои трофејот Суперкуп.

Во Арабија, новинарите, за време на една прес-конференција, на часовникот на Флик видоа пораки од Рафиња и Роналд Араухо, играчи на Барса кои бараа да разговараат со тренерот, а тоа брзо се рашири во јавноста.

Флик во Џеда очигледно научи лекција, па по враќањето во Шпанија одлучи да го сокрие екранот на својот часовник од очите на новинарите и така да се заштити потенцијално пристигнатите пораки од јавноста.

Утрешниот дуел помеѓу Хетафе и Барселона е на програмата од 21 часот на стадионот „Алфонсо Перез“, а Каталонците ќе бараат победа за да го прекинат лошиот низ од три натпревари без победа, поради кој паднаа на третото место на табелата.

Во моментот Барса има 38 бодови, дури шест помалку од лидерот Атлетико и пет од второпласираниот Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Барселона денеска падна и најважниот потпис!

Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 год…