
„Тајмс“ пишува дека ФИФА предложи, а ИФАБ на посебна седница во Ванкувер едногласно ја одобри две измени на Правилата на фудбалската игра. ИФАБ е највисокото и најстарото тело одговорно за утврдување и измена на правилата на фудбалската игра. Организацијата ја потврди имплементацијата на новите правила, кои ќе стапат во сила веќе за Светското првенство кое почнува за еден месец и половина.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ФИФА во Ванкувер одобри правило наречено “Lex Vinicius” или „Законот на Винисиус“. Ова правило ќе резултира со црвен картон за секој кој ќе ја покрие устата за да каже нешто на противникот. Со ова се исполни она што Џани Инфантино го најави пред неколку недели. Претседателот на ФИФА беше за имплементација на оваа мерка, која сега успеа решително да ја протурка. Пиричина за нејзиното носење беше афера од февруари и натпреварот меѓу Бенфика и Реал во Лигата на шампионите.
Тогаш Винисиус и Мбапе тврдеа дека противничкиот играч Џанлука Престијани го нарекувал Бразилецот од Реал – мајмун, но тоа не можело да се прочита од неговите усни бидејќи ги покрил со маица додека изговарал расистичка навреда. Аргентинскиот играч од среден ред на Бенфика беше суспендиран после истрага на три натпревари, но поради хомофобија.