Дома Моторспорт „Фетел го напушта Ферари затоа што не може да се бори за титулата“

„Фетел го напушта Ферари затоа што не може да се бори за титулата“

Себастијан Фетел ги брои своите последи месеци во Ферари. Четирикратниот првак го напушта италијанскиот тим на крајот од годината по истекот на договорот.

Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко, смета дека Фетел заминува од Ферари затоа што со тој тим не може да освои нова титула светски првак.

„Ако ги погледнете резултатите од тестирањата во Барселона…Поради таа причина мислам дека Фетел заминува од Ферари бидејќи во тој тим не гледа потенцијал за титулата.“ – изјави Марко и додаде:

„Се надевам дека Себ ќе продолжи да вози, но тоа единствено би имало смисла ако замине во шампионски тим. Поради моменталната ситуација нема можност да дојде кај нас.“

Што се однесува за новата сезона, Марко како први кандидати за титулата ги гледа Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

„Тие двајца ќе се борат за титулата, а мала предност му давам на Хамилтон. Ќе биде возбудливо бидејќи не се знае колку трки ќе се возат. Има разлика дали ќе бидат 10 или 15 трки.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…