Дома Моторспорт Ферстапен вчера израмни рекорд на Шумахер и Фетел

Ферстапен вчера израмни рекорд на Шумахер и Фетел

Актуелниот шампион во Формула 1 и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на САД во Остин откако во финишот го помина Луис Хамилтон, а исто така зад себе го остави и Шарл Леклер.

Ферстапен со новиот успех стигна до 13 победи оваа сезона, па така го израмни рекордот на Себастијан Фетел од 2013 и Михаел Шумахер од 2004 година.

На возачот од Холандија му треба само уште една победа за да испише историја како човек кој запишал најмногу триумфи во една сезона.

До крајот на сезоната се возат уште три трки, а со оглед на формата на Ферстапен, тоа би можело да стане реалност и да стане рекордер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…