Дома Моторспорт Ферстапен може да стане шампион во Сингапур

Ферстапен може да стане шампион во Сингапур

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен би можел да ја освои втората титула во Формула 1, и тоа на трката за Големата награда на Сингапур, која се вози в недела.

Трката во Сингапур е прва во која Ферстапен може математички да ја обезбеди титулата пред Шарл Леклер, Карлос Саинц, Серхио Перез и Џорџ Расел.

Ферстапен мора да победи во Сингапур, а Леклер треба да заврши под осмата позиција или под седмото место ако Холанѓанецот слави и има најбрз круг на трката.

Леклер, сепак, вози одлично и нема да се предаде толку лесно, па би можел да му ја отежни работата на Ферстапен кој се надева дека ќе се закити со втората титула што е можно побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…