Дома Фудбал Фернандеш збесна: Не дојдов во Манчестер за да губам натпревари!

Фернандеш збесна: Не дојдов во Манчестер за да губам натпревари!

Манчестер Јунајтед го бележи најслабиот старт на сезона на домашен терен во изминатите 131 година, откако беше поразен со 1-3 од Брајтон на „Олд Трафорд“.

Капитенот на тимот, Бруно Фернандеш, решително ги отфрли сите сугестии дека ваквите резултати може да се сметаат за нова реалност на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не можеме да го прифатиме ова како нормално. Ја разбирам гледната точка на луѓето однадвор, но ние како тим не смееме да се помириме со ваквите резултати. Ова не е во ред. Не дојдов во Манчестер Јунајтед за да губам натпревари и да бидеме на оваа позиција. Секој од нас мора да преземе одговорност за ситуацијата, вклучувајќи ме и мене. Ако некој мисли поинаку, тогаш тој не треба да биде дел од овој тим,“ изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…