Дома Фудбал Фердинанд знае кој ја заслужува Златната топка: Не постои друг играч во светот кој го прави тоа!

Фердинанд знае кој ја заслужува Златната топка: Не постои друг играч во светот кој го прави тоа!

Легендарниот англиски фудбалер Рио Фердинанд е воодушевен од играта на Ламине Јамал и јавно порача дека фудбалерот на Барселона заслужува да биде во борбата за „Златната топка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јамал без сомнение беше најдобар играч на Барселона во овој меч и покажа дека игра во фантастична форма. Заради тоа се огласи и Рио Фердинанд, кој го истакна Јамал како прв фаворит за освојување на Златната топка.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед порача дека ако Барселона ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, не смее да има дилема дека Јамал треба да ја добие Златната топка, иако можеби Рафинја според бројките е подобар од него.

„Не знам дали постои фудбалер кој со својата игра предизвикува такво возбудување на секој натпревар. Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и финалето на Лигата на шампионите, тогаш немам дилема дека тој мора да ја освои Златната топка“, рече Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …