
Фудбалерите на Холандија и Франција, кои важат за фаворити на претстојното Светско првенство, остварија победи синоќа во своите последни подготвителни натпревари. Холанѓаните, на мал стадион со капацитет од само 5000 луѓе во Њујорк, едвај го совладаа Узбекистан, тим што ќе дебитира на Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Победата им ја донесе Коди Гакпо кој постигна гол преку пенал во 34. минута, но во 87. минута Гус Тил беше исклучен. Узбекистанците израмнија преку Игор Сереев во 92. минута. Сепак, уште еден пенал за Холандија беше досуден во седмата минута од судиското продолжение, а Гакпо ја донесе победата. И покрај победата, тие не блескаа бидејќи пропуштија осум значајни шанси.
Холанѓаните во недела го отвараат Светското првенство против Јапонија, додека Узбекистанците ќе играат против Колумбија на 18-ти јуни.
Импресивниот Олизе
Со три гола на Мајкл Олизе од Баерн Минхен, Франција ја совлада Северна Ирска со резултат од 3:1 во Лил. Франција, која е на врвот на ранг листата на ФИФА и еден од фаворитите за титулата во САД, пред четири дена загуби пријателски натпревар од Брегот на Слоновата Коска со 1:2, но овојпат покажаа многу посилна игра.
Олизе погоди на крајот од првото полувреме, на почетокот на второто и во 75. минута за конечните 3:1. Избраниците на селекторот Дидие Дешамп ќе ја играат првата утакмица на Светското првенство против Сенегал на 16-ти јуни. Погледнете ги головите ОВДЕ.