Дома Фудбал Фановите воодушевени: Рикардо Кака се враќа во фудбалот!

Фановите воодушевени: Рикардо Кака се враќа во фудбалот!

Како бомба одекна веста дека Карло Анчелоти на крајот од сезоната ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Работата е конечно завршена по долги преговори со тамошната федерација, па Италијанецот се фрли на формирање на стручниот штаб кој ќе му помага во работата со „Селесао“.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Анчелоти го повикал легендарниот Кака да му се приклучи како еден од помошните тренери.

Истите извори наведуваат дека некогашниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид ќе биде задолжен за работа со младите играчи и развој на офанзивната игра, што би требало да помогне селекцијата да заигра повторно ефикасно.

Анчелоти и Кака соработуваа во Милан каде Бразилецот ја освои Златната топка во 2007 година, како и во Реал од Мадрид во 2013 година.

Официјално деби на Карло Анчелоти на клупата на Бразил би требало да се случи на 6 јуни кога противник ќе биде Еквадор.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…