Дома Фудбал Фанови на Аталанта ја предупредија својата ѕвезда која бараше трансфер

Фанови на Аталанта ја предупредија својата ѕвезда која бараше трансфер

Фановите на Аталанта решија да испратат предупредување до ѕвездата на тимот Адемола Луукман, кој до неодамна силно инсистираше на трансфер во Интер и дури објави бојкот на својот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според италијанските медиуми, синоќа кај тренинг базата на тимот од Бергамо бил поставен транспарент со следнава порака до напаѓачот:

„Фланелката треба да се почитува… нова глупост нема да се прости!!!“

Како што се знае, на крајот Интер го повлече својот интерес за Луукман, откако Аталанта не прифати ниту една понуда од миланскиот гигант за него. Така, во последниве денови, нигерискиот репрезентативец ги обнови тренинзите, но тој ќе се подготвува посебно од своите соиграчи до крајот на трансферниот прозорец.

Засега нема понуди од други клубови за него, и најверојатно 27-годишниот играч ќе го започне сезоната во неговиот тековен тим, откако издржа дисциплински мерки за своето неподредување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се насочи кон “новиот” Луис Суарес

Барселона размислува за можноста да го проба нападателот Луис Суарес, ако не успее да го д…