Кристијан Ериксен пред неколку дена за првпат се појави на тренингот на Интер после срцевиот удар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Данецот е решен да продолжи да игра фудбал и во изјава за „Кориере дело Спорт“ откри и кога очекува да продолжи.
„Ќе почнам да играм фудбал за четири или пет месеци. Добро се чувствувам“, кратко изјавил Ериксен.
Ериксен ќе мора да помине низ детален надзор на данските лекари кои ќе утврдуваат дали е безбедно тој повторно да игра фудбал.
Инаку, со дефибрилаторот кој го има вградено нема можност да игра во Серија А. Единствена можност да продолжи во Италија е тој да биде отстранет, а за да биде отстранет докторите треба да проценат дека е целосно здрав.