Дома Фудбал Останато Eриксен донел изненадувачка одлука за продолжување на кариерата

Eриксен донел изненадувачка одлука за продолжување на кариерата

Кристијан Ериксен пред скоро една година на Европското првенство доживеа срцев удар на натпреварот помеѓу Данска и Финска.

Одличниот дански играч за врска се сруши на теренот во текот на првото полувреме. Веднаш беше јасно дека се работи за срцев удар, но за среќа докторите со брза реакција му го спасија животот. Следуваше потоа операција во која на Ериксен му беше вграден дефибрилатор кој му го контролира срцето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа му овозможи да се врати на терен во јануари оваа година и потпиша за Брентфорд. Во Брентфорд Ериксен игра навистина добро. Покажа дека се уште е мајстор и за него во овој момент постои голем интерес, најмногу од Тотенхем и Лестер, се споменува и Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа Ериксен би можел да донесе изненадувачка одлука. Наводно Данецот е спремен да остане во клубот кој му пружи шанса да се врати на теренот кога му беше најтешко. Брентфорд секако финансиски не може да им парира на другите клубови, сепак од благодарност 30-годишниот Ериксен би можел да ги избере нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…