Килијан Мбапе како што стојат работите одлучи да стави крај на неговиот престој во ПСЖ и конечно да се пресели во Реал Мадрид со кој се поврзува неколку години наназад.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, во Париз ќе направат уште еден обид да го премислат одличниот голгетер. Информациите на „Л’Екип“ се дека Емирот од Катар и првиот човек на Франција, Макрон ќе се обидат да го премислат Мбапе да остане во ПСЖ.
Наводно, утре Емирот од Катар ќе ја посети Франција и таа посета ќе ја искористи да се сретне со Мбапе и да му даде нова понуда.
Минатиот пат, Мбапе беше пред заминување, но го предомислија. Сега не изгледа дека тоа ќе биде можно.