Дома Фудбал Останато Eден од најпознатите албански фудбалери поминал низ драма – му се запалил автомобилот додека возел

Eден од најпознатите албански фудбалери поминал низ драма – му се запалил автомобилот додека возел

Aлбанскиот фудбалер од редовите на Лацио, Елсеид Хисај поминал низ вистинска драма откако неговиот автомобил се запалил додека возел.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Настанот Хисај го потврдил во изјава за италијанските медиуми, а се обрати и со порака до своите фанови преку социјалните мрежи.

„Поздрав, утрово некои медиуми пишуваа за случката од пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и лицата кои беа со мене во возилото.

Дефект на автомобилот предизвика пожар додека возев на улица. Брзо ја забележав ситуацијата и запрев, за среќа немаше повредени и штета на други возила. Ви благодарам на сите за пораките“, објави Хисај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Kако Енрике го создаде најмоќниот тим во светот? Бекам открива неверојатни детали

Во текот на три години, Луис Енрике успеа да изгради импресивен ПСЖ кој има реална шанса д…