Дома Останати Кошарка Евролигата жестоко го казни Јанакопулос на само еден ден пред „мајсторката“

Евролигата жестоко го казни Јанакопулос на само еден ден пред „мајсторката“

Димитрис Јанакопулос бурно реагираше по двата порази на Панатинаикос во четири досегашни натпревари од четвртфиналната серија плејоф на Евролигата и – претера.

Тој во неколку наврати ги обвини судиите и раководителите на Евролигата, а патем се закани дека неговиот клуб можеби наскоро ќе го напушти ова натпреварување и ќе се пресели во НБА Европа, чија формација се најавува сè погласно.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сето тоа дисциплинските органи на Евролигата педантно го забележаа и денес му изрекоа остра казна.

Казната е „само“ парична, но износот е навистина огромен, дури 100.000 евра ќе мора Јанакопулос да уплати во касата на Евролигата, па сега ја очекуваме неговата нова реакција.

Сето ова се случува ден пред решавачкиот натпревар кој ќе се игра утре од 20.45 часот во Атина.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шеј со 38 поени ја одведе Оклахома до водство од 2:0 во финалето на Западот

Тимот на ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР направи уште еден чекор кон големото финале на НБА лигата. В…