Дома Фудбал Евертон го „преживеа“ Арсенал, Ливерпул во луд меч киксна против Фулам (Видео)

Евертон го „преживеа“ Арсенал, Ливерпул во луд меч киксна против Фулам (Видео)

Ливерпул повторно не успеа да победи во Премиерлигата, односно ремизира против Фулам (2-2), додека Арсенал одигра нерешено против Евертон (0-0).

„Топчиите“ доминираа во средбата против Евертон и создадоа дури 13 шанси, но не реализираа ниту една, па така Евертон си замина дома со еден освоен бод.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Лидерот во лигата двапати имаше негатива против Фулам, откако гостите од Лондон поведоа преку Переира во 11. минута, а потоа Робертсон доби црвен картон.

Гакпо израмни на 1-1, но Родриго Муниз стрелаше за нова предност за Фулам од 2-1 во 76. минута, по што Диого Жота постигна одличен гол за конечни 2-2.

На останатите натпревари, Њукасл со 4-0 го декласира Лестер, додека Ипсвич славеше со 2-1 против Вулвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…