Европската ракометна федерација го казни македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со 6.000 евра поради однесувањето на навивачите на натпреварот против Фредериција во Лигата на шампионите.
ЕХФ утврди дека дел од македонските навивачи упатиле расистички навреди на сметка на гостите. Одлуката го истакна значењето на мисијата на Европската ракометна федерација за промовирање пријателство и разбирање помеѓу клубовите.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Покрај казната од 6.000 евра, Пелистер е казнет и со 1.000 евра како условна казна која ќе се плати ако ситуацијата се повтори во наредните две години.