Дома Ракомет Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со еден од најважните ракометари

Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со еден од најважните ракометари

По уште една одлична сезона соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи.

Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.

32-годишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.

Тунискиот репрезентативец го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Криенс Луцерн во игра за Малус, Вардар пред неизвесност на средната бековска позиција

Јака Малус се поврзува со преселба во Швајцарија, но засега нема потврда за заминување од …