Дома Фудбал Енфилд помни: Се навршија 36 години од трагедијата на Хилсборо

Енфилд помни: Се навршија 36 години од трагедијата на Хилсборо

Ливерпул во вторникот ја одбележа 36. годишнина од трагедијата на Хилсборо.

На 15 април 1989 година, во полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Нотингем Форест и Ливерпул, 97 навивачи на клубот од Енфилд трагично ги загубија своите животи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во вторникот наутро, претставници на клубот, легенди на Ливерпул, тренерите и капитените на машкиот и женскиот тим, како и на тимовите под 21 и под 18 години, положија венци пред меморијалот на Хилсборо на Енфилд.

Сите селекции во вторникот ги започнаа тренинзите со минута молчење во знак на сеќавање. Во исто време, беа пуштени 97 балони.

Како и секогаш на овој ден, знамињата на стадионот и тренинг центарот беа спуштени до половина, фан продавниците и музејот на клубот беа затворени во 13 часот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…