
Фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове се обрати за првпат јавно по немилиот настан во натпреварот против Интер, благодарејќи ѝ на целата заедница која се грижеше за неговата здравствена состојба со ветувачка порака до навивачите дека наскоро ќе го гледаат на теренот.
Целиот фудбалски свет беше во шок кога на првиот ден од декември талентираниот италијански фудбалер се сруши на теренот по што беше хоспитализиран и му беше вграден дефибрилатор за следење на работата на срцевиот мускул.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Иако последниве недели се дебатираше дали Бове ќе продолжи со кариерата, неговата денешна објава на Инстаграм ги разуверува сите оние кои се сомневаа дека 22-годишниот фудбалер повторно ќе се врати на теренот.
“Тешките денови ми дадоа можност да размислувам за многу работи. Страшната епизода на натпреварот против Интер покажа дека фудбалот е повеќе од натпревар, првенство или кариера. Фудбалот е заедница на луѓе обединети околу истата страст и делат моменти на уживање, бес, разочарување и страдање. Сфатив дека сите сме едно, без разлика на резултатот”, започна Бове своето емотивно обраќање во редови кои привлекоа големо внимание.
Младиот фудбалер додаде дека позитивната околина му овозможи полесно да ги преброди најтешкиот момент во животот.
“Поради тоа би сакал да истакнам важноста да не ја заборавиме суштината на спортот, занемарувајќи го духот на играта поради нејзината комерцијална страна. Она што ми се случи е вистинско сведоштво за суштината на фудбалот. Во исто време сум благодарен што ѝ припаѓам на оваа светска фудбалска заедница и од сè срце им се заблагодарувам на сите за заедничката љубов,” напиша Бове и на крај испрати охрабрувачка порака.
“Добро сум, тоа е најважното. Ќе се видиме наскоро на теренот”, напиша фудбалерот кој очигледно излезе уште посилен од најголемиот проблем со кој се соочи.
.