Дома Фудбал Емотивна приказна стои зад прославата на Грилиш (Фото)

Емотивна приказна стои зад прославата на Грилиш (Фото)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш, имаше емотивен момент откако постигна гол во победата против Лестер Сити. Веднаш по погодокот, тој ги крена рацете кон небото, посветувајќи го голот на неговиот покоен брат Килан, кој трагично починал кога имал само девет месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот, Грилиш искрено проговори за значењето на овој ден за неговото семејство, откривајќи дека неговиот брат починал во април 2000 година.

„Мојот мал брат почина пред 25 години, и секој ден како овој е особено тежок за мене и за целото мое семејство. Денес моите родители беа на трибините, па немаше подобар начин да им оддадам почит од тоа да постигнам гол и да ја крунисаме вечерта со победа“, изјави Грилиш по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…