Дома Фудбал Eмери вчера влезе во одбрано друштво и се изедначи со Мурињо, Трапатони и Анчелоти!

Eмери вчера влезе во одбрано друштво и се изедначи со Мурињо, Трапатони и Анчелоти!

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, се запиша во историјата на УЕФА како четвртиот тренер со пет освоени европски трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сосем оправдано го нарекуваат „кралот на Лига Европа“ бидејќи оваа вечер успешно го подигна овој трофеј по петти пат.

Првично три пати последователно со Севиља (2014, 2015, 2016), еднаш со Виљареал (2021) и сега со Астон Вила (2026).

Вистински подвиг за почит, без сомнение.

Но, тоа не е сè. По победата на Астон Вила против Фрајбург 3:0) и повторното освојување на Лига Европа, шпанскиот стручњак стана само четвртиот тренер во историјата со пет европски трофеи.

Пред Унаи Емери, пет европски круни имаат постигнато двајца славни Италијанци и еден познат Португалец.

Најпрво Џовани Трапатони – со Јувентус еден Куп на шампиони (1985), два Купа на УЕФА (1977, 1993) и Куп на победници на купови (1984) и со Интер Куп на УЕФА (1991).

Потоа Жозе Мурињо – две Лиги на шампиони со Порто (2004) и Интер (2010), Куп на УЕФА со Порто (2003), Лига на Европа со Манчестер Јунајтед (2017) и Лига на конференции со Рома (2022).

И конечно Карло Анчелоти – сите пет Лиги на шампиони – две со Милан (2003, 2007) и три со Реал Мадрид (2014, 2022, 2024).

Секако, Лига Европа нема истиот престиж како Лигата на шампиони, но сепак е голем успех за Емери што со бројот на европски титули се наоѓа во друштво на некои од најголемите тренери на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит приказна: Навивач исчезнал десет дена, па го нашле како се забавува во Барселона – не знаел дека Интерпол го бара!

Англискиот навивач Мајкл Хјуит (65) беше пронајден жив и здрав по десетдневна потрага за в…