Дома Фудбал Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа!

Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа!

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унај Емери, изјави по освојувањето на трофејот во Лига Европа, дека барал од играчите да покажат желба и сериозност во тоа натпреварување, и дека тие го направиле тоа.

Фудбалерите на Астон Вила синоќа ја освоија титулата во Лига Европа, откако во финалето во Истанбул на „Бешикташ парк” го победија Фрајбург со 3:0.

“Ова е навистина нешто фантастично. Оваа година игравме многу сериозно. Фокусирано. Им кажував на играчите дека ни е потребна желба во ова натпреварување, сериозност, да покажат на теренот дека се протагонисти. И тие го направија тоа. Ова финале е потврда дека напредуваме”, изјави Емери по финалето, пренесуваат британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Емери ова е петти трофеј во Лига Европа, по трите победи со Севилја (2014, 2015 и 2016 година), додека со Виљареал славеше во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…