Дома Фудбал Елмас е прескап за Торино

Елмас е прескап за Торино

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас прикажува одлични игри за Торино, но овој клуб нема намера да го откупи на крајот на сезоната.

Последните информации од таборот на Торино говорат дека претседателот Каиро нема намера да ја плати клаузулата од 17 милиони евра, наведена во договорот за позајмица потпишан за јануари.

 Тие сакаат да го задржат Елмас, но само доколку Лајпциг им даде попуст, а германскиот клуб нема намера тоа да го направи.

Интерес за Елмас има и од други италијански клубови, а неодамна се шпекулира дека и Ајкас го посакува нашиот фудбалер.

Поради големиот интерес, Лајпциг смета дека сумата од 17 милиони е дури и мала за Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Македонија утре ја очекува натпреварот со Швајцарија во првото коло од Лигата на нации, а …