Дома Фудбал Елмас е на листата со желби на Наполи

Елмас е на листата со желби на Наполи

Името на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно се појавува во трансфер плановите на Наполи, но неговото враќање засега не е во врвот на приоритетите на клубот.

Елмас, кој остави силна трага за време на своите сезони во Неапол и беше миленик на навивачите, повторно се споменува како можност за зајакнување на средниот ред.

Сепак, актуелното раководство на Наполи моментално е повеќе насочено кон офанзивниот дел од тимот, каде што потрагата по квалитетни решенија сè уште не ги дала очекуваните резултати.

Весникот „Ил Мартино“ наведува дека плановите за доведување на Федерико Киеза и Џек Грилиш целосно пропаднале, а опциите поврзани со Рахим Стерлинг и Џејдон Санчо не изгледаат реално поради високите финансиски барања и комплицираните преговори.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…