
Џејмс Милнер објави дека на 40-годишна возраст ја завршува својата професионална кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличниот играч е рекордер на Премиер лигата по број на одиграни натпревари. Во најсилната лига на светот, тој собра 658 натпревари.
Низ кариерата настапуваше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила, и на крај Брајтон.
„По 24 години во Премиер лигата, чувствувам дека е вистинскиот момент да ја завршам својата кариера. Никогаш не можев да сонувам за ваква патека во мојот живот. Сите клубови играа важна улога во мојата кариера и живот. Фудбалот ми даде сè и секогаш ќе му бидам благодарен“, изјави Милнер.
За репрезентацијата на Англија одигра 61 натпревар, постигнувајќи еден гол. Два пати ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити, а еднаш со Ливерпул. Со „Црвените“ беше и шампион на Европа во сезоната 2018/2019.
BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier Leaguer history 🚨 pic.twitter.com/yAIbEHvODn
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 1, 2026