Дома Фудбал Еди Хау нема да се врати толку брзо: Њукасл без главниот тренер и во наредните два натпревари

Еди Хау нема да се врати толку брзо: Њукасл без главниот тренер и во наредните два натпревари

Англискиот прволигаш Њукасл Јунајтед објави дека нивниот менаџер Еди Хау (47) се опоравува во болница од воспаление на белите дробови и нема да ја води екипата во двата натпревара оваа недела, во среда против Кристал Палас и во сабота против Астон Вила. Хау беше хоспитализиран минатата недела откако не се чувствуваше добро, а во негово отсуство веќе во неделата од клупата екипата ја водеа Џејсон Тиндал и Греам Џонс во домашната победа против Манчестер Јунајтед со 4:1.

Њукасл до крајот на сезоната има уште седум натпревари во Премиер лигата, пред нив е голема борба за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, моментално е четврт со 56 бодови, еден повеќе има третиот Нотингем Форест, еден помалку има петтиот Манчестер Сити, а два помалку имаат шестиот Челзи и седмата Астон Вила.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Да потсетиме, оваа сезона Еди Хау му донесе на Њукасл прва титула во 21. век, не сметајќи го Интертото купот од 2006 година. Под негово водство, “Сврците” го освоија Лига купот откако во финалето на Вембли го победија Ливерпул со 2:1.

Фото: Newcaastle/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…