Раџа Наинголан денес потпиша за Интер, но него не му беше лесно да замине од Рома со која беше емотивно поврзан.
Наинголан за сума од 38 милиони евра заврши во Интер, но не му беше лесно да каже збогум на клубот од Рим. Белгиецот со навиваше се прости преку пораката на неговиот Инстаграм профил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Што да кажам? Се што можам да ви кажам е дека засекогаш ќе останете во моето срце. Се што правев, правев од срце и го давав најдоброто од себе. За жал некои бајки завршуваат и некогаш тоа не е поради вашиот сопствен избор“.
„Прекрасна приказна се завршува. Им се заблагодарувам на колегите, тренерите и директорите кои беа со мене во оваа преубава реалност. Им се заблагодарувам на навивачите за секој момент кои заедно го поминавме. Сега започнувам нова авантура и среќен сум поради тоа. Ќе дадам се од себе, како и што секогаш го правев тоа во секој клуб. Ќе ми недостасувате, ве поздравувам“, гласеше емотивната порака на белгискиот играч за врска.
Наинголан во Рома помина четири години и вкупно собра нешто помалку од 150 настапи и постигна 28 погодоци, а минатата сезона со Рома играше во полуфиналето од Лигата на шампионите.