Дома Фудбал Италија Eмотивна исповед на Фаџоли: Должел 2.7 милиони евра, барал пари од соиграчи, му се заканувале…

Eмотивна исповед на Фаџоли: Должел 2.7 милиони евра, барал пари од соиграчи, му се заканувале…

Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли од својата успешна кариера во Јувентус си направи сериозни проблеми и сега истата е доведена под голем знак прашалник.

Имено, 22-годишниот фудбалер доби казна поради нелегално обложување и сега е под суспензија од седум месеци во кои нема да игра фудбал, а ќе треба да посетува установа која ќе му помогне да се одвикне од коцкањето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во свое емотивно интервју Фаџоли раскажа се што му се случувало, како и дека неговиот долг достигнал и до 2.7 милиони евра.

„Најлошиот период ми беше помеѓу март и април 2023 година. Тогаш на натпреварот против Сасуоло бев заменет откако направив серија грешки На клупата плачев, но не поради измената туку поради долговите. Во септември 2022 долгот ми беше 250.000 евра, потоа се зголеми на 2.7 милиони евра. Прво се обложував на тенис и онлајн казино, потоа и на фудбал, но никогаш на натпреварите на Кремонезе и Јувентус, дури ниту за прекршоци, картони или стрелци“.

„Имаше момент кога повеќе не можев да подигнувам пари од мојата банкарска сметка која ја контролираше мајка ми, па почнав да барам пари од пријатели. На Гати и Драгусин им должам 40.000 евра. Им кажав дека сакам да одам да купам Ролекс од златарница во Милано, меѓутоа со тие пари делумно го вратив долгот. Не можев да спијам, колку времето поминуваше, толку ми стануваше потешко. Долгот продолжи да се зголемува, а јас се коцкав само да за да го вратам. Ми е закануваа, ќе ти ги скршиме нозете“, зборувал Фаџоли на сослушувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…