Ник Кирјос поради повреда го пропушти Австралија Опен, но тој сепак е дел од првиот грен-слем во сезоната, но во една поинаква улога.
Австралиецот е дел од коментаторскиот тим на „Еуроспорт“ и го коментираше првиот настап на Ѓоковиќ, меѓутоа по пофалбите тој објави и авторските текст во чест на српскиот тест.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во минатото Кирјос беше еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ, меѓутоа со текот на времето посебно во корона кризата тој ја смени реториката и стана негов голем поддржувач. Ковид мерките ги зближија двајцата тенисери, а Кирјос беше еден од ретките тенисери кои во тоа време јавно го поддржуваше Ѓоковиќ во неговиот став да не се вакцинира.
Сега тој објави текст со наслов „Како научив да го сакам Ѓоковиќ, најголемиот тенисер на сите времиња“?.
„Новак Ѓоковиќ е број 1, ГОАТ (најголем на сите времиња), поклонете му се бидејќи нема дилеми за тоа. Поседува подобар скор во дуелите со Рожер Федерер и Рафаел Надал, ги има сите грен слем рекорди и наградите го покажуваат тоа. Новак е најдобриот играч кој некогаш држел тениски рекет, нешто во што не верував ниту јас пред неколку години. Ако дојдете кај мене и ме прашате кој сакам да игра доколку ми зависи животот од него, ќе го изберам Новак. Бев еден од оние кои не го сакаа.
Не бев фан на начинот на кој се однесуваше на теренот, ги земаше тие паузи за тоалет или го викаше тренерот….. Тоа не ми се допаѓаше и бев искрен за моите погледи кон него во добар дел од мојата кариера. Тогаш бев млад и незрел и не го сфатив неговиот тениски пат. Со тек на времето, го запознав и ми стана јасно дека меѓу нас постојат и сличности. Тоа не се грен слем титули, но слични сме по тоа што најголем дел од публиката или не мрази, или не сака. Ќе се навратам и на тоа Ковид време, гледав како цел свет се сврте против него, гледав како мојата држава се врти против него. Во себе помислив дека би сакал да има некој што е на негова страна, па застанав на негова страна и му дадов поддршка. Го преземав тој ризик и мислам дека тој сега многу ме почитува поради тоа“, пишува Кирјос.