Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера четрти пат беше стартер за Наполи, трет пат во Серија А, а беше стрелец на вториот гол за својот тим.
Во третиот старт во Серија А Елмас го постигна вториот гол сезонава и покажа дека Спалети може да смета на него. Елмас натпреварите ги започнуваше како резерва најчесто на Квича Кварцхелија кој за дербито со Аталанта беше повреден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Елмас и покрај тоа што е резерва секогаш кога ќе има прилика дава 100% за Наполи, а по вчерашниот дуело ја коментираше и ситуацијата од пред околу еден месец кога објави фотографија од клупата за резерви и напиша „мојата прва љубов“. Сега Елиф потенцираше дека станувало збор за шега.
„Квича е одличен човек, многу му помагам од кога дојде тука и среќен сум што игра одлично. Тоа со клупата беше само шега. Не сум човек кој сака контроверзи. Секогаш кажувам дека сум среќен што сум во Наполи дури и ако сум резерва. Најсреќен сум кога Наполи победува“, изјави македонскиот репрезентативец.