Дома Фудбал Италија Eлмас: Спалети ми дава голема самодоверба, а јас му враќам со одлични настапи

Eлмас: Спалети ми дава голема самодоверба, а јас му враќам со одлични настапи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера беше еден од најдобрите во редовите на Наполи против Барселона.

Натпреварот заврши без победник 1:1, а големи заслуги за голот на Наполи има токму Елмас. Прво маестрално го исфрли Жорди Алба од игра за потоа да го пронајде Зјелински кој од вториот обид ја смести топката во мрежата. За две ипол години Елмас собра повеќе од 100 натпревари за Наполи и сега порача дека сака да остане уште долго во клубот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Во Неапол сум две ипол години и веќе одиграв многу натпревари за Наполи кој е еден од најголемите клубови во Италија. Нашата цел е да играме на највисоко ниво и да освојуваме трофеи. Целото тоа искуство многу ми помага да се развијам како човек и како фудбалер, секој натпревар за мене е многу важен да напредувам. Среќен сум во Наполи се надевам уште многу години ќе останам тука“.

Стадионот на Наполи за него е посебна мотивација.

„Кога ќе слушнете само дека се вика „Диего Армандо Марадона“ не треба ништо да додавате. Посебни се емовиите кога играте на него без разлика дали е Серија А или Лига на шампиони. Сите знаеме каква легенда беше Диего и него сите ќе го сакаат и почитуваат, посебно тука во Неапол“.

Во Наполи Елмас го доведе Карло Анчелоти, потоа работеше со Гатузо, а сега Наполи го води Лучијано Спалети.

„Учев од сите тренери, почнав со Анчелоти кој беше човек со многу искуство и кој освоил се. Можеби од него најмногу научив. Во Гатузо среднав една поинаква личност на тактички и човечки аспект. Спалети сега е човек кој ми дава голема самодоверба, а јас мислам дека му враќам со одлични настапи на теренот“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…