Дома Македонски спорт Eлмас може да стане третиот Македонец кој ќе игра за Интер?

Eлмас може да стане третиот Македонец кој ќе игра за Интер?

Според најавите на италијанските медиуми, по Дарко Панчев и Горан Пандев, Елиф Елмас би можел да стане третиот Македонец кој ќе го носи дресот на Интер.

Додека се исчекува вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Италија во италијанските медиуми се појави вест дека Интер размислува да го ангажира Елмас во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во новата сезона Елмас под водство на Руди Гарсија во Наполи одигра само 21 минути на три натпревари, иако претходно клубот одби понуда во износ од 30 милиони евра од германски Лајпциг.

Се поврзуваше Елмас и со Милан минатото лето, но тогаш „росонерите“ ибраа да го купат Шарл Де Кетеларе од Бриж кој не се покажа па сега е на позајмица во Аталанта.

Со Наполи Елмас има договор до јуни 2024 година, а во јануари ќе влезе во последните 18 месеци од договорот, па Интер ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…