Елиф Елмас вчера блесна и со два гола го одведе Наполи во нокаут фазата од Лигата на Европа, така македонскиот „дијамант“ ја завршува групната фаза вп Лига Европа со четири гола и една асистенција во шест натпревари.
Против Лестер Елмас уште еднаш покажа зошто Спалети има толку доверба во него и посочи дека игра онаму каде што ќе му каже тренерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знам каде играм најдобар, навистина. Знам дека играме секаде каде што ќе ми каже Спалети и среќен сум што сум во тимот. Друго не можам да ви одговарам. Ова беше важна ноќ за нас, среќен сум поради головите, најважно е што одиме понатаму. Покажавме дека сме тим со карактер“, изјави Елмас.
Наполи од групата продолжува понатаму со Спартак Москва која заврши како првопласирана.