Во Наполи пред почетокот на новата сезона пристигна Грузиецот Кварацкелија кој беше договорен од претходно.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кварацкелија во Наполи пристигна како конкуренција на Елиф Елмас на позицијата леф офанзивец и во подготвителниот период Грузиецот игра одлично.




Во вчерашниот натпревар против Адана кој заврши без победник 2:2 Елмас го одигра првото полувреме, а во второто настапи Кварацкелија. Елмас вели дека конкуренцијата не го плаши.




„Конкуренцијата не ме плаши, напротив ќе ме направи подобар. Во фудбалот добро е кога имате конкуренција затоа што само така ќе напредувате“, изјави Елмас.