Aлбанскиот фудбалер од редовите на Лацио, Елсеид Хисај поминал низ вистинска драма откако неговиот автомобил се запалил додека возел.
Настанот Хисај го потврдил во изјава за италијанските медиуми, а се обрати и со порака до своите фанови преку социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Поздрав, утрово некои медиуми пишуваа за случката од пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и лицата кои беа со мене во возилото.
Дефект на автомобилот предизвика пожар додека возев на улица. Брзо ја забележав ситуацијата и запрев, за среќа немаше повредени и штета на други возила. Ви благодарам на сите за пораките“, објави Хисај.